Надал успешно се врати по тримесечната пауза

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал успешно се врати на терените по тримесечното отсуство поради повредата на дланката. Шпанецот денеска на АТП турнирот во Пекинг го победи Ришар Гаске од Франција со 2-0 во сетови.

Првиот сет беше понеизвесен и заврши со четири добиени сета за францускиот тенисер, додека во вториот сет Надал беше успешен и не му препушти ниту еден гем на противникот.

До пред овој меч, Надал последен пат играл во Хале кога загуби од домашниот тенисер, Германецот Дастин Браун.

Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 3,7 милиони долари.

Од фаворитите претпладнево победа забележаа и Новак Џоковиќ, Томаж Бердих и Џон Изнер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров