Мексикански официјален претставник сменет од функција поради грабеж во продавници

Од:

Мексикански официјален претставник во Баја Калифорнија Суд е сменет бидејќи извештаи го поврзуваат со грабеж по ураганот Одил.

Во соопштение на Владата во покраината Лос Кабос се вели дека координаторот за цивилна заштита е сменет од должност додека Обвинителството не го разгледа неговиот „правен случај“.

Голем број продавници во Лос Кабос беа ограбени по ураганот во почетокот на септември додека немаше струја и телефонски врски.

Мексикански медиуми јавија дека во домот на официјалниот претставник се пронајдени мотор, шест авто-гуми, тостери и три микробранови печки чија набавка тој не можел да ја објасни.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори