Уставниот судија Никола Ивановски денеска во собранието на јавната дискуија за предложените уставни измени образложи зошто Уставниот суд не треба да постапува по жалбите за одлуките на судскиот совет и советот на јавните обвинители за избор, разрешување и дисциплинска санкција изречена на судија.
Допрецизира дека во нацрт амандманот не е детално опишано зошто оваа надлежност му се доделува на Уставниот суд.
Според Ивановски по овие прашања треба да постапува независен суд, и предложеното решение според него треба да се преиспита зашто станувало збор за административни одлуки кои не покренуваат уставно правни прашања.
„Уставниот суд смета дека оваа надлежност треба да остане во рамки на судовите од општа надлежност, а во Македонија постои и управно судство чија надлежност е оценувањето на законитоста на поединечните акти за избор, именување и разрешување на носителите на јавни функции, да се разгледа можноста оваа надлежност да му се додели на управното судство. Доколку се остане на ова решение Уставниот суд смета дека оваа нова надлежност треба да се однесува само на разрешувањето и на одлуката за дисциплинско казнување на судиите и јавните обвинители, но и не по жалби за изборот на судиите, зашто оваа надлежност би значела оптаварување на Уставниот суд со многу предмети кои се од административна а не од уставно правна природа“, рече уставниот судија Никола Ивановски.