СДСМ: Триумфалната порта не е културно-историски споменик

Од:

На дневен ред пред советниците на Општина Центар се извештаите и програмите за работа на градинките во Центар.

Во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ како неопходни за информирање на вработените секојдневно се набавуваат и весниците Вечер и Нова Македонија, а неопходно за работа на воспитувачите се и 4-те таблети и 3-те компјутери.

Советниците од СДСМ и коалицијата, побараа модернизирање на програмата на директорката, а не како пред 40 години децата се уште да ја учат песничката „Цуцул пасе говеда“.

Она што е неприфатливо за советниците од СДСМ е тоа што во програмата на градинките стои дека е реализирана посета на културно историски споменици, а тука се Триумфалната порта и спомениците од проектот Скопје 2014.

Побараа да не се индруктивираат децата бидејќи ова се објекти од јавен карактер а не културно-историски споменици.

За советниците од ВМРО-ДПМНЕ ова е добра работа бидејќи велат треба да ги научиме децата што е Македонија.

Ова возвратија од СДСМ е налог и инструкција од ресорните министерства.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме