Почна учебната година за учениците од струмичко Свидовица

Од:

За 17-те ученици од прво до петто одделение во подрачното училиште „Даме Груев“ во селото Свидовица, општина Струмица, денеска е првиот училишен ден од учебната 2014/2015 година.

Наставата беше еден месец бојкотирана од учениците затоа што протекуваше стариот покрив на училишната зграда.

По одговорот од Министерството за образование и наука дека реконструкцијата на покривот е влезена во програмата за 2018 година, решение на проблемот понуди локалната власт.

– Капиталните инвестиции се во надлежност на Министерството за образование. Но со оглед на ургетноста на проблемот, заедно со советниците одлучивме наместо поставување втор асфалтен слој на две улици во Струмица, средствата од 1,3 милиони денари да ги намениме за нов покрив на училиштето во Свидовица, рече градоначалникот Зоран Заев.

Тендерската постапка е во тек и се очекува кон крајот на октомври и почетокот на ноември да биде поставен нов покрив на училиштето во Свидовица.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја