Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул го отвори Светскиот економски форум.
На дводневиот Светскиот економски форум во Истанбул учествуваат 600 политичари, научници и бизнисмени од 70 држави од Европа, од Блискиот Исток, од Северна Африка и од Централна Азија.
Теми на Форумот ќе бидат иднината на регионот и претседателствувањето на Турција со Г-20, како и енергетиката.