Две деца загинаа, а најмалку 15 луѓе се повредени на денешниот автомитинг во холандскиот град Хаксберген.
Несреќата се случи кога возачот на камионот познат како „монстер трак“ изгуби контрола над возилото и влета во публиката.
Петмина од повредените се во тешка здравтвена состојба.
На местото на несреќата пристигнале хеликоптери од целиот регион, вклучително и од Германија.