Ѓорческа победи во Варна

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа победи на фјучрс турнирот во Варна откако денеска во финалето беше поуспешна од првата носителка Пернила Мендешова од Чешка со 2-1 во сетови.

Македонката го загуби првиот сет со 6:2 во гемови, па следуваше нејзина подобра игра и на два пати по 6:4 за втор трофеј во кариерата.

Првиот трофеј Ѓорческа го освои на фјучерсот во Арад, Романија во 2012 година.

За најдобрата македонска тенисерка ова беше трето финале во 2014 година. Претходните две во Прокупље (Србија) и во Сусе (Тунис) ги загуби.

Победата на турнирот во Варна на Ѓорческа ќе и донесе 12 бодови на ВТА листата.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров