Комисијата за ефикасност на правосудството на Советот на Европа денеска го објавува извештајот во кој се прави евалуација на европските правосудни системи.
Во извештајот има споредбени табели и анализи во повеќе области, како буџетот кој се издвојува за правосудниот систем, организацијата, бројот и составот на вработените во правосудниот систем, времетраењето на судските процедури, бројот на адвокатите, родовата застапеност кај судиите и обвинителите, начинот на кој се регулира односно решава приливот на предмети, користењето на новите технологии во правосудните процедури.
Од анализата на податоците изнесени во извештајот за Република Македонија, во споредба со претходните извештаи е забележан позитивен тренд.
„Еволуцијата во ‘поранешната југословенска Република Македонија’, слично како и во некои други земји од Југоисточна Европа, забележува пред сé позитивна еволуција, пред сé во структурирањето и организацијата на правосудниот систем. Земјата се наоѓа во просекот на земјите од регионот“, оцени Стефан Лејенберже, секретарот на Комисијата за ефикасност на правосудството на Советот на Европа.