СДСМ: Трајановски ги задолжи скопјани за раскош, а ги остави без атмосферски канализации

Од:

„Откако на граѓаните им се поплавија домови и подруми и им се направија огромни штети од дождовите, откако јавноста почна нервозно да реагира на парадирањата на Коце Трајановски со гумени чизми по базените вода на скопските улици, скопкиот градочачалник конечно излезе на терен да ги види проблемите.

Многу доцни Коце Трајановски.

До сега требаше да биде поставена атмосферска канализација: на булеварот „Киро Глигоров“, на булеварот „Србија“, на клучката кај Континентал, кај подвозникот кон Пржино, во Кисела Вода.

Трајановски ги задолжи скопјани за раскош и луксуз, за Панорамски тркала, барокни фасади, споменици.

Коце Трајановски ги остави скопјани без атмосферски канализации, без пречистителна станица, училишта, подземна сообраќајница, трамвај, без есенцијалните потреби на граѓаните.

Граѓаните заслужуваат повеќе и подобро од тоа да се дават во поплави и да се гушат во смог во 21-от век“, се вели во писмената реакција на СДСМ на изјавата на Коце Трајановски.

.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?