Маратонецот Денис Кимето од Кенија постави светски рекорд на трката во Берлин. Тој 41. Берлински маратон го истрча за два часа, две минути и 57 секунди и влезе во историјата на овој спорт.
30-годишниот Кениец за 26 секунди го подобри досегашниот рекорд поставен мината година од неговиот сонародник Вилсон Кипсанг.
Емануел Мутаи од Кенија заврши на второто место со време два часа, три минути и 13 секунди што е исто така подобро од досегашниот светски рекодр.
Трет на престижниот Берлински маратон беше Абера Кума од Етиопија со време два часа, пет минути и 56 секунди.