Во Белград денеска со поддршка и присуство на голем број политичари и амбасадори, како и големо полициско обезбедување, одржана е Парада на гордоста, која помина без поголеми инциденти.
Во околината на центарот на Белград регистрирани се помали судири со полицијата.
Прошетката траеше околу половина час, а учесниците цело време свиреа, носеа знамиња со боите на виножитото и транпаранти, на кои меѓу другото пишуваше „Правда за сите жртви на насилство во Србија“.
Најголемо внимание предизвика инцидентот што се случи во Славија, каде припадници на жандармеријата го претепаа Андреј Вучиќ, брат на премиерот Александар Вучиќ.
Инцидентот, како што јави Танјуг, се случил кога Андреј Вучиќ, заедно со обезбедувањето, се обидел да помине низ полицискиот кордон, а припадници на жандармеријата го претепале него и неговото обезбедување.