Британскиот тенисер Енди Мареј е победник на АТП турнирот во Шенжен, Кина игран за награден фонд од 600 илјади долари.
Мареј во денешното финале по две и полчасовна борба со пресврт го совлада Томи Робредо од Шпанија со 2-1, по сетови 5:7, 7:6 и 6:1.
Шпанецот не реализира дури пет меч топки во тај-брејкот од вториот сет.
За Мареј ова беше прв трофеј во 2014 година или вкупно 29. во неговата кариера.