Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја повика денеска Русија да го искористи своето влијание за одржување на воспоставеното примирје на исток во Украина, соопшти Светската организација.
На средба со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Бан ја повика Русија да го искористи своето влијание за зацврстување на стабилниот режим на прекин на огнот, се вели во соопштение.
Бан додал дека ќе продолжи да соработува со светските лидери за мирно решавање на кризата.
Генералниот секретар на ОН на средбата истакнал дека е неопходно засилување на соработката на Русија со клучните партнери за решавање на конфликтот во Сирија.