СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере што значи почитување на правата на работниците

Од:

„Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ не го ограничува правото на штрајк. Сосема спротивно. И досега власта на ВМРО-ДПМНЕ го ограничувала правото на штрајк. Типичен пример е барањето на Тодоров за судската забрана за штрајкот на лекарите.

Сега, на ВМРО-ДПМНЕ и пречи тоа што СДСМ се спротивставува на обидите на власта за изигрување на правото на штрајк на вработените во образованието и нивните политички игри и злоупотреби.

Претставката на СДСМ до Меѓународната организација на трудот, во Женева, е за прекршувањето на одредбите на Конвенциите 87 и 98 за слободата на здружување и колективно договарање. Таа се однесува на измените во Законите за основно и за средно образование со коишто власта предвиде замена на наставниците кои штрајкуваат со други наставници, што е спротивно на Уставот и законите.

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере што значи почитување на правата на работниците, условите за работа и правото на штрајк.

Но, СДСМ и понатаму остро ќе се спротивставува на какви било обиди за изигрување на правото на штрајк на вработените и ќе се бори за унапредување на нивните права“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за пресот на Петар Атанасов.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски