(ВИДЕО) Спасовски од Ресен: Со една одлука се решва проблемот од поплавите

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, потпретседателот Александар Кирацовски и пратеникот Васко Ковачевски денес се во посета на Ресен и преспанскиот регион.

Претставниците на СДСМ остварија повеќе средби, слушајќи ги проблемите на жителите од овој крај.

Граѓаните ја потенцираа негрижата на Владата и нефункционирањето на Кризниот штаб во Ресен по невремето кое го зафати целиот овој регион.

Уништени се голем број земјоделски посеви а никој не ни помога, се пожалија ресенчани.

spasovskiResen (2)

Генералниот секретар на СДСМ, Спасовски посочи дека во Буџетот на РМ предвидена е ставка за елементарни непогоди, но тие средства власта ги користи единствено пред избори, кога им се потребни гласови.

spasovskiResen (3)

„Едноставно е. Општината треба да достави колку средства треба да бидат префлени од Буџетот и на седница на Влада, со една одлука, може да се реши овој проблем. Механизми за решавање на проблемите постојат, но не и расположение кај надлежните“, посочи Спасовски.

spasovskiResen (4)

Посетата на делегацијата на СДСМ предводена од генералниот секретар продолжи на традиционалниот Јаболкобер.

Воедно, на сите ресенчани, им го честитаа големиот христијански празник Крстовден, посакувајќи им добро здравје и благосостојба.

spasovskiResen (5)

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз