Македонскиот ракометен шампион Металург ќе има голема поддршка од трибините за утрешниот натпревар со Пари Сен Жермен.
Од клубот информираат дека останати се само мал број непродадени билети.
– Во продажба има уште само 200 влезници за натпреварот Металург – Пари Сен Жермен. Побрзајте!, апелираат од клубот од Автокоманда.
За оние кои сакаат во живо да го проследат овој натпревар, а се уште немаат обезбедено билет, тоа можат да го направат во продажните салони на „ОНЕ“, во Скопје и низ Македонија, како и онлајн на www.karti.com.mk
Натпреварот Металург – Пари Сен Жермен ќе се одигра утре во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 19 часот.