СДСМ: Најголемата одговорност за состојбите во државата е на Никола Груевски

Од:

„Очигледно Никола Груевски не сака да ги чуе суштинските работи кои ги искажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за „Алсат-М“ телевизија.

Затоа провладниот „Курир“ добил наредба да вади од контекст.

Еве кој дел од одговорот на прашањето на Претседателот Заев во интервјуто за „Алст-М го скрати „Курир“:

„Дополнително, изгубената доверба во институциите , тешката економска состојба, толку ги има раздразнето чувствата на сите етнички заедници“.

Власта не сака да слушне за изгубената довербата на граѓаните во партизираните институции, ниту пак за тешката економска состојба.

Најголемата одговорност за состојбите во државата е на Никола Груевски кој со политиките на штета на сите граѓани во државата 9 годинин се одржува на власт.

Ваквиот начин на постапување на провладините медиуми не е информирање туку пропаганда. Ова е класичен пример на злоупотреба на медиумите од страна на власта. Уште еден доказ на крајно лошите оценки за состојбите со медиумте во Македонија“, се вели во писмената реакција на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус