Украинската армија и проруските сепаратисти од самопрогласената Доњецка народна република водат преговори за размена на заробеници по формулата 50 за 50, јави ИТАР-ТАСС.
Се уште не е познат датумот на размена на заробениците.
Размената на заробеници е клучна точка од договорот постигнат во Минск на 5 септември.