Фудбалска асоцијација на Гибралтар ќе се жали на одлуката на ФИФА поради тоа што не е примена во членството на Светската фудбалска асоцијација.
Гибралтар е британска територија на Пиринејскиот полуостров и доби позитивен одговор за членство во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Сепак, ФИФА не му дозволи влез во светското фудбалско семејство со образложение дека не се работи за независна држава.
Во Гибралтар се незадоволни од ваквиот развој на настаните и најавија дека ќе се жалат во Арбитражниот суд за спорт во Лозана.