(ВИДЕО) Кирацовски: МВР казни невини тутнари, се кријат организаторите на црниот бизнис

Од:

Наместо борба со организираниот криминал со тутун и цигари, МВР под водство на Јанкулоска ги казни невините земјоделци од с. Могила. Наместо соочување со вистинските криминалци кои прават огромен профит на грбот на могилчани, Груевски и Јанкулоска се впуштија во панична акција во која за жал настрадаа чесни земјоделци на кои им беше одземен тутунот, рече на прес конференцијата Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

СДСМ остро се спротивставува на решавање на случајот со грубото одземање на тутунот од чесни тутунари, кои биле наведени на противзаконско одгледување тутун, додава тој.

Во продолжение Кирацовски рече:

СДСМ предлага Владата на Република Македонија итно да најде начин да ги обештети земјоделците од Могила кои наивно верувајки и на оваа власт, влегле во незаконско производство на тутунот Вирџинија и сега се оставени на цедило и прогласени за виновни од истата таа власт.

СДСМ бара веднаш, да се најде организаторот кој ги намамил земјоделците од Могила противзаконски да садат од тутунот “Вирџинија“ и истиот да сноси одговорност.
СДСМ бара институциите веднаш да откријат дали и кој се е вмешан во веројатниот организиран криминал со тутун и цигари.

Ние граѓаните на Република Македонија кои чесно плаќаме данок кон државата бараме одговори:

Дали и со чие одобрение од врвот на власта одел црниот бизнис на релација Могила – Арачиново – Косово?

Кај кого завршувале цели 5 години по 5 милиони и 200 илјади евра пари на црно, годишно, од бизнисот со тутун и цигари на црно?

Кој избегнува данок во износ од над 2 милиони и 500 илјади евра годишно?

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра