Куба соопшти дека испраќа околу 300 дополнителни лекари и медицински сестри во западна Африка, за да се борат со епидемијата на ебола. Со тоа бројот на кубански медицински персонал во западна Африка ќе се зголеми на 461.
Кубанците ќе работат во Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија.
Светската здравствена организација соопшти вчера дека од ебола починале 2.917 луѓе од 6.263 заболени во пет западноафрикански земји погодени со болеста.