Воружените сили на САД и нивните арапски сојузници минатата ноќ извршија нови воздушни напади врз позиции на џихадистичката група Исламска држава во источните делови на Сирија.
Втор ден по ред нападите беа насочени кон рафинериите за нафта во сириската провинција Деир ал Зур, што се под контрола на џихадистите, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Покрај во Деир ал Зур, напади биле извршени и врз цели во реоните на градовите Мајдин и Рака.
Од почетокот на воздушните напади во Сирија во вторникот, според податоците на Центарот, биле убиени најмалку 140 џихадисти и 13 цивили.