А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Промоција на меѓународни документи за независно судство

by А1он26/09/2014 - 08:47127
Share0

Академијата за судии и јавни обвинители денеска ќе го промовира третиот том од публикацијата „Меѓународни документи за независно и ефикасно судство“.

Добивај вести на вибер

Публикацијата ги содржи мислењата на Советодавниот совет на европските судии ССЕС 13-16, референтни документи и селектирана судска пракса на Европскиот суд за човекови права,  со фокус  на мислењето 16 посветено на односите помеѓу судиите и адвокатите.

Воведот на книгите, систематизацијата на мислењата и другите референтни документи се изготвени од директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија Анета Арнаудовска, која воедно е и член на работната група на ССЕС која ги подготви мислења.

Академијата за судии и јавни обвинители го издаде третиот том на публикацијата во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На промоцијата е најавено обраќање на шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Ралф Брет и на директорот на Академијата Анета Арнаудовска. За мислењето 16 на ССЕС излагање ќе има и претседателот на Советодавниот совет на европските судии, Барт Ван Лиероп, кој воедно е и судија на Апелацискиот суд во Хаг, Кралството Холандија. За односите помеѓу адвокатите и судиите на промоцијата ќе говори претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, Никола Додевски, а Арнаудовска, како член на работната група на ССЕС ќе ги претстави  активностите на Република Македонија во рамките на Советодавниот совет на европски судии.

sudstvo

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Предраг Петровиќ23/09/2025 - 19:19

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

Предраг Петровиќ23/09/2025 - 17:39

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

Катерина Ѓуровски23/09/2025 - 12:31

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски21/08/2025 - 13:3621/08/2025 - 15:29

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ04/07/2025 - 13:5004/07/2025 - 13:54

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ27/06/2025 - 10:4527/06/2025 - 10:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен