Четворица припадници на терористичката мрежа Ал Каеда беа убиени во воздушен удар во Јемен, изјави претставник на силите за безбедност.
Нападот бил извршен со беспилотно летало, најверојатно американско.
Цел на наапдот бил автомобил во јужната провинција Шабуа.
САД кои се сојузник на Јемен во борбата против тероризмот, единствени располагаат со беспилотни летала во регионот.