Спречете ја појавата на стрии во бременоста

Од:

Дури 70 проценти од жените во текот на бременоста поради трансформацијата на телото, ширењето на коските и растот на плодот, добиваат стрии.

Стриите се појавуваат во втората половина од бременоста, а најчесто се јавуваат на стомакот, задникот, колковите, бутините и градите, како црвени линии. Иако самото напукнување на кожата не е болно, стриите можат да предизвикаат иритација и непријатно чешање.

Иако постои теорија дека генетиката го одредува квалитетот на кожата и врзивното ткиво и дека на појавата на стрии влијае наследниот фактор на еластичност на кожата, постојат и мерки за превенција, кои секоја бремена жена треба да ги преземе за да го спречи настанувањето на стрии во бременоста или барем да го ублажи интензитетот на нивната појава.

Потребно е повеќе пати во денот од најраната бременост да се нанесуваат хранливи креми, мелеми и масла на критичните подрачја, со цел да се одржува еластичноста на кожата. Тајната за спречување на појавата на стрии во бременоста е во тоа кожата да остане еластична и влажна.

За регенерација на кожата можат да помогнат маслото од роза и камилицата, какао путерот, маслиновото масло, масло од кајсија од пченични никулци, како и млеко кое содржи овошна киселина

Кожата треба да се масира со ракавица или сунѓер за масажа за да се зајакне циркулацијата.

Потребно е да се јаде храна богата со белковини, витамини Е и Ц и цинк. Витаминот Е е присутен во маслиновото и сончогледовото масло, но и во маслото од пченични никулци, како и во морковот, доматот, пченката, овесот. Исто така  потребно е во организамот да се внесуваат многу вода и течности.

Потребно е да се избегнува во добивање на тежината, со цел кожата да има доволно време да се прилагоди на новиот облик на телото и да ја задржи својата еластичност.

Доколку сте бремени или доите, секогаш носете градник при секоја физичка активност. Доколку не го правите тоа, го оштетувате врзивното ткиво на градите, така што со развојот на стриите доаѓа и до опуштање на градите.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска