Кривични пријави за двајца скопјани осомничени за разбојништво

Од:

СВР Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје со кривична пријава ги предаде лицата С.Т. (39) и С.В. (31) и двајцата  од Скопје осомничени дека  извршиле едно кривично дело „разбојништво“ и при тоа се здобиле со противправна имотна корист од околу 500 денари.

Од страна на судија на претходна постапка на  С.Т. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Кривичното  дело  пријавените   го извршиле  минатиот месец откако  оштетениот  излегол од „ТТК Банка“ каде плаќал сметки му се приближиле  и С.Т. му побарал 1.000 денари со цел да плати сметка во банка. Оштетениот  му рекол дека нема пари и си заминал. Пријавените го пречекале  на паркинг зад зградата  и во еден момент  С.В. почнал да го удира со тупаници по главата, а С.Т. од задниот џеб на оштетениот му одзел 500 денари  и со трчање се оддалечиле од местото на настанот.

Во просториите на ПС ОН „Гази Баба“ во присуство на дежурниот јавен обвинител извршено е лично препознавање при што од страна на оштетениот  со сигурност се препознаени С.Т. и С.В. како сторители на кривичното дело.

Инаку, С.Т. е  регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против животот и телото, кривични дела против правниот сообраќај, како и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај за што  му се поднесени  16 кривични пријави. Второпријавениот С.В. е исто така регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против здравјето на луѓето,  кривични дела против животот и телото, како и  кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај за што му се поднесени седум кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни