„Самсунг“ работи на сопствен графички процесор?

Од:

Производството на графички процесор бара големо количество на таленти, истражувања, тестрирања, искуство и време. Станува збор за многу исцрпувачки пазар, и тоа е причината зошто многу мал број компании се одлучуваат на ваков потег.

Квалитетните графички процесори се клучни за добро искуство, што значи дека производителите мораат да им плаќаат лиценци при користењето на видео картиците на овој мал број производители.

Доколку се точни најновите извештаи, јужнокорејската компанија „Самсунг“ би можела да се извлече од производствениот синџир и да почне да произведува сопствени графички карти. Компанијата на ова работи веќе долги години.

„Самсунг“ е добар во правење на хардвери, софтвери и процесори, но станува збор за сосема поинакви работи во споредба со графиката.

Засега не се очекува да се случи нешто значајно, но во иднина би можеле да се видат апарати на „Самсунг“ со негови графички процесори.

„Самсунг“ е дефинитивно еден од технолошките гиганти, така што е многу веројатно да поседува ресурси за да ја оствари секоја своја идеа.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска