„Самсунг“ прекинува со продажба на лап-топ уреди во Европа

Од:

Јужнокорејската компанија за електронска опрема „Самсунг“ престанува со продажба на своите преносни компјутери со оперативен систем Виндоус и Хромбук уреди во Европа, поради слабата побарувачка.

– Брзо се прилагодуваме на барањата на пазарот и побарувачката, изјави портпарол на „Самсунг“, додавајќи дека одлуката се однесува само на европскиот пазар.

„Самсунг“ не е прва компанија што се реши да го промени својот пристап кон овие уреди.

„Тошиба“ неодамна, исто така, изјави дека планира да го намали производството на персонални компјутери, иако компанијата не планира целосно да го напушти секторот.

Сепак, „Самсунг“ не ја исклучува можноста повторно да почне со продажба на лаптоп уреди во Европа, иако моментално пазарот не е доволно добар за тоа.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска