Гвинет Палтроу и Камерон Дијаз го поддржаа реизборот на Обама

Од:

Само 24 часа откако Џеј Зи и Бијонсе објавија дека ќе се вклучат во тимот за поддршка на американскиот претседател Барак Обама, кој пак објави дека поторно влегува во трката за претседател на САД, и актерките Гвинет Палтору и Камерон Дијаз објавија дека го подржуваат црномурестиот Обама.

Палтору беше домаќинка на „Обама Виктори Фонд“ во познатиот лондонски клуб Маркс, каде во придружба на дизајнерот Том Форд и иконата на Воуг, уредничката Ана Винтур, се обидоа преку социјални и добротворни настани да му ја осигураат победата на Обама на претседателските избори кои треба да се одржат во ноември.

Но Гвинет не беше сама. Да ја поддржи во нејзината цел, а секако да и парира и во стил и убавина, беше и нејзината добра пријателка актерката Камерон Дијаз.

Претседателот на САД, секако ја има филмската и музичка елита на својата страна. Во неговиот говор за благодарност до Џеј Зи и Бијонсе, Обама рече: „Ви Благодарам за вашето пријателство. Моите ќерки не можат да имаат подобар модел на кого да се угледаат од бијонсе, која е олицетворение на класа, стил, голем талент и напорна работа.“ А кога сме кај ќерките – додаде обама, тоа е само една од нишките која не врзува со Џеј Зи.

 

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас