Прва книжевна работилница на ДПМ од утре до 30. септември во Струга

Од:

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од утре до 30. септември во Струга првпат организира книжевна работилница, насловена „Ракувања“, со мото „Почит, толеранција, соработка и хуманост“.

Учесници на првата книжевна  работилница ќе бидат поетите Стојан Тарапуза, Елена Пренџова, Кире Неделковски, Делвина Керлуку и Борче Панов.

– Поетите ќе создаваат во Центарот за едукација и рекреација „Солферино“, на брегот на Охридското Езеро, а потоа во Домот на културата во Струга, со учество на членовите на ДПМ од овој регион, ќе имаат заедничка  литературна средба, соопшти ДПМ.

Овој проект на Друштвото на писателите на Македонија се организира во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска