Камерон: Иран може да помогне за наоѓање на решение за конфликтот во Сирија

Од:

Треба да му се даде можност на Иран да покаже дека може да предложи решение за кризата во Сирија, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.

– Иранските лидери можат да помогнат за надминување на заканата од Исламската држава (ИД). Тие можат да помогнат Ирак да стане постабилен и поотворен, како и Сирија. И ако тие се подготвени да го направат тоа, тогаш треба со задоволство да го прифатиме, истакна Камерон, потврдувајќи дека утре ќе побара од Парламентот да одобри вклучување на Велика Британија во коалицијата против ИД.

Истовремено, иранскиот претседател Хасан Рохани изрази сомнеж за целите на американско-арапските напади.

– Иран не разбира какви се целите на САД и дали целта на Вашингтон е само шоу за јавноста или реална цел за регионот. За иранските лидери е многу јасно дека ниту едно екстремистичко движење не може да биде уништено само со воздушни напади, нагласи Рохани.

Иран безусловно го поддржува режимот на сирискиот лидер Башар ал Асад и ги обвинува другите земји дека им давале финансиска и материјална помош на терористи и им дозволувале да преминат преку нивна територија.

Би можело да ве интересира

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Во Иран е прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала

Во Бејрут загина командант во Иранската револуционерна гарда генерал Абас Нилфорушан

Горан Наумовски

Иран: Линија на водачот на отпорот ќе продолжи се до ослободување на Ерусалим

Горан Наумовски

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија