Од создавањето на социјалната мрежа „Фејсбук“ па се досега покрај стотиците милиони корисници „Фејсбук“ го пратат и голем број контраверзии околу неговото создавање.
Поранешен колега на Марк Цукерберг од Харвард пронашол некои „изгубени документи“ од 2004 година со кои тој тврди Марк му ја украл идејата за социјалната мрежа.
Арон Гринспен, поранешен студент на Харвард го обвинува Цукерберг дека е патолошки лажго и измамник и досега измамил многу луѓе.
Интересното е тоа што Гринспен сега ги пронашол изгубените снимки од разговорите што ги воделе онлајн со Цукерберг во 2004 година и според нив тврди дека „Фејсбук“ е направен според негов проект.
Гринспен во времето на создавањето на „Фејсбук“ работел на веб – страницата „Housesystem“ која меѓудругите можности, имала и опција наречена „The Face book“, а новите докази покажуваат дека Цукерберг го поканил заедно со него да работат на неговиот проект кој е блага верзија на „The face book“ притоа велејќи му „не дека ја земав идејата од тебе“.
Тој му рекол дека неговиот проект имал многу повеќе од илјада опции и дека подобро е да соработуваат, отколку да си бидат конкуренција. Гринспен го одбил во почетокот, а потоа се предомислил и конкурирал за работа во „Фејсбук“. Марк го одбил велејќи му дека нема доволно технички познавања.
Пред неколку години тој го тужеше Цукерберг за името „фејсбук“ бидејќи тоа било име што тој го користел прв. Но, се откажа од тужбата по спогодбата со Цукерберг. Потоа пред новинарите го пофали и рече дека му е мило за успехот на неговиот колега.
Сега, со новите докази, повторно бара од него да му ја признае заслугата за концепирањето на социјалната мрежа.