Реконструирана спортската сала „Гемиџии “ во Велес

Од:

Како дел од проектот „Од еко сончева акција до спортска енергија“ денеска во спортската сала „Гемиџии“ во Велес беше предаден во употреба сончевиот систем и енергетско ефикасно осветлување и затоплување вода.

Проектот е финансиран од Глобален Еколошки Фонд, програма за мали грантови, од страна на Здружението „Велес Фест“, а реализацијата е поддржана од Општина Велес и „Леов Компани“.

Претставникот на Глобалниот Еколошки Фонд, Програма за мали грантови, Златко Самарџиев изјави дека условот за тие да инвестираат, е материјалните придобивки во иднина да се реинвестираат во областа на животната средина на локално ниво.

Златко Леов појасни дека поставиле 15 сончеви панели и три бојлери од по 500 литри кои се доволни за салата „Гемиџии“.

Директорот на ЈПССО Парк Спорт, Александар Табаков изрази благодарност до реализаторите на проектот.

– Топлата санитарна вода за ваков тип на објекти претставува основно средство за работа. Она што салата го добива со реализацијата на овој проект кога би се ставило во анализа со финансиските средства за трошоците за електрична енергија. И понатаму ќе се ангажираме за реализирање на ваков тип на проекти, рече Табаков.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ