Надал ќе игра во Кина

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал следната недела ќе се врати на терените. ПР агенцијата која го застапува соопшти дека Надал ќе игра на турнирите во Пекинг и Шангај.

– Надал ќе игра на турнирите во Кина. Тој нема големи очекувања од настапите во Пекинг и Шангај, но очекува неговото враќање на теренот да помине во најдобар ред од аспект на залечената повреда, соопштуваат одговорните за односи со јавноста од тимот на Надал.

Шпанецот последен пат официјален меч одигра на почетокот од јули на Грен слемот Вимблдон, а по елиминацијата во осминафиналето, при еден тренинг ја повреди дланката и оттогаш отсуствува од терените.

Во Кина прво ќе се игра турнирот во Пекинг од 29 септември до 5 октомври, а потоа во Шангај од 6 до 12 октомври.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров