Победи за Ѓорческа и Грабул, порази на другите македонски тенисери

Од:

Пет македонски тенисери денеска имаа настап на фјучрс турнирите, а пласман во втрото коло остварија Лина Ѓорческа и Димитар Грабул.

На фјучрсот во Варна (награден фонд 10.000 долари) Ѓорческа во првото коло ја победи Јулија Терзијска од Бугарија со 6:4 и 7:5 во два сета.

Попладнево Ѓорческа ќе има настап и во игра на двојки.

Триумф во првото коло на фјучрсот во Сокобања, Србија (фонд 10.000 долари) оствари Димитар Грабул, кој со 6:2 и 6:1 во гемови го победи Марсел Валох од Австрија.

Непријатно изненадување доживеа Томислав Јотовски по поразот од Данаил Тарпов од Бугарија со 2:0 во сетови (7:6 (7:0) и 6:2). Поразот на Јотовски значи дека во 2.коло нема да има нов меч на македонските тенисери.

Елиминација доживеа и Бесир Дургути, кој загуби со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) од Французинот Меди Шетар.

Пораз на фјучрсот во Бол, Хрватска (фонд 10.000 долари) во 2.коло претрпе и Магдалена Стоилковска, која загуби од третата носителка Тена Лукас од Хрватска со 6:4 и 6:0. Стоилковска попладнево ќе има настап и во игра на двојки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров