Во организација на на Црвениот крст и Центарот на Македонската асоцијација на интернационални водичи на планина викендов во охридското село Велестово ќе се одржи семинар за водичи во планина.
Работилницата е наменета како за лиценцирани водичи кои треба да ја обноват својата легитимација, така и за оние кои се обучуваат во моментов за водичи на планина и за сите заинтересирани кои сакаат да научат нешто повеќе за престојот и движењето во планина и за планинскиот туризам.
На семинарот ќе се врши запознавање и обука за ракување со опрема за движење и престој во планина, креирање маршути за движење во планина, менаџирање на планинарски групи, најчести повреди на планина, укажување прва помош и слично.
Дел од предавањата во рамки на семинарот ќе се одржуваат во тренинг-центарот за обука на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.