Книжевен портрет на рускиот поет Сергеј Главјук во ДПМ

Од:

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи портрет на рускиот поет Сергеј Главјук.

За творештвото на Главјук ќе зборуваат Веле Смилевски, Братислав Ташковски и Олга Панкина.

Главјук и е познат на македонската читателска публика по книгите „Агли“ и „Старата монета“ кои се објавени во превод од руски од Гане Тодоровски. Главјук е составувач и на десеттомната антологија „Словенските поезии на 20 и 21 век“ во која првиот том од 500 страници е посветен на македонската поезија.

Добитник е на македонското признание „Златно перо“ за успешно презентирање на творештвото на македонски автори на руски јазик. Главјук е почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска