Најмалку 30 исламисти и осум цивили убиени во воздушните напади на САД во Сирија

Од:

Најмалку 30 борци на групацијата Фронтот Ал Нусра, која е поврзана со Ал Каеда и осум цивили се убиени во северна Сирија во воздушните напади на коалицијата, предводена од САД, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според невладината организација, најмалку 30 борци на Ал Каеда, од кои повеќето странци и осум цивили, меѓу кои една жена и три деца, се убиени во нападите во западниот дел на северната провинција Алепо, извршени истовремено со нападите врз групата Исламска држава во североисточниот дел на Сирија.

Централната команда на вооружените сили на САД соопшти дека како резултат на нападите се уништени или оштетени повеќе цели на ИД во и околу градовите Рака, Дејр ал Зур, Ханака и Албу Камал на границата со Ирак.

Меѓу погодените цели на џихадистите се кампови за обука, финансиски центар, складишта на оружје, автомобили и штабот на ИД во градот Рака.

Од американските воени бродови во меѓународните води во Црвеното Море и северниот дел на Заливот се истрелани 47 ракети „Томахок“. Во операцијата се користени и авиони со далечинско управување и бомбардери.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија