Абас најави нови мировни преговори со Израел

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа најави дека за време на своето обраќање в петок пред светските лидери во ОН ќе предложи нови мировни преговори со Израел.

– Му реков на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре окупацијата и да склучи мир. Меѓународната заедница е одговорна да ги штити нашите луѓе, кои живеат под теророт на насилниците. Не можеме да разбереме како израелската Влада може да биде толку заблудена и да не сфати дека бомбардирањата на Појасот Газа, во кои загинаа илјадници жени и деца, само предизвика поголема омраза. Оваа недела ќе предложам во ОН нов план за мировни преговори, истакна Абас.

Палестинските лидери планираат да предложат тригодишен рок за прекин на израелската окупација на Западниот Брег и создавање палестинска држава, која ќе ги опфати и Појасот Газа и Источен Ерусалим.

Израелски и палестински претставници моментно на индиректни преговори во Каиро се обидуваат да го зајакнат договорот за прекин на огнот, што стапи во сила кон крајот на август по 50 дена војна во Појасот Газа.

Абас претходно нагласи дека ќе побара од Советот за безбедност на ОН да усвои обврзувачка резолуција за израелското повлекување. Во случај на вето од страна на САД, најавена е можна тужба против Израел за воени злосторства пред Меѓународниот кривичен суд.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски