Абдула Оџалан ги повика сите Курди да се мобилизираат против ИД

Од:

Лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан повика на масовна мобилизација на сите Курди против групата Исламска држава (ИД), која се бори со курдските сили во Сирија.

Во порака, испратена преку неговиот адвокат, тој „го повикува целиот курдски народ да започне сеопфатен отпор во оваа многу интензивна војна“.

– Не само луѓето во Рожава (Сириски Курдистан), туку и оние во северниот дел на Турција и други делови на Курдистан, треба да дејствуваат против нив, изјави адвокатот Мазљум Динч.

Повикот е упатен само неколку часа пред САД и петте арапски држави да ги започнат воздушните напади против исламистичките борци во Сирија.

Оџалан отслужува доживотна казна затвор на островот Имрали. Тој ја предводи ПКК, која десетици години се бори во Турција за автономија. ПКК е поврзана со курдската партија во Сирија, чие вооружено крило се бори против ИД.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка