Македонија се најде на листата на САД, за борба против Исламска држава

Од:

Исламска држава продолжи со закани и планирање нови акции, така што ги повика своите приврзаници да убиваат граѓани на западните држави, кои учествуваат во коалицијата која што ја предводат САД против џихадистите.

– Доколку можете да убиете Американец или Европеец, особено нечистиот Французин, Австралиец или Канаѓанин, вклучувајќи ги и оние од државите кои влегоа во коалиција против Исламска држава, тогаш потпирајќи се на Алах, убијте ги-е пораката со која протпаролот на екстремистите Абу Мухамед ел Аднани ги повикува останатите припадници на оваа екстремистичка група.

Стејт Департментот објави листа на држави кои со сите сили ќе се борат против ИСИС. На списокот помеѓу 40-те држави кои се дел од глобалната меѓународна коалиција, која САД ги предводи во борба против Исламска држава во Ирак и Сирија е и Македонија.

listaISIS

Американската акција против ИСИС доби поддршка и од Советот за безбедност при ОН, на заседанието на кое претседаваше американскиот државен секретар Џон Кери.

-Коалицијата ќе биде поразена, како што беа и вашите поранешни борбени сили-порача портпаролот на екстремистичката група Абу Мухамед ел Аднани и ги повика своите следбеници да напаѓаат државјани на САД, Франција, Канада, Австралија и други држави, кои се приклучија на коалицијата, пренесе „Ројтерс“.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Разбиена исламистичка група во Австрија