Поранешната врвна шпчанска тенисерка Гала Леон Гарсија е избрана за нов селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија.
Гарсија го наследи Карлос Моја кој минатата недела поднесе оставка.
Избор на 40-годишната Гарсија е преседан во шпанскиот тенис но и спорт воопшто бидејќи е прва жена избрана на местото селектор на Дејвис куп репрезентацијата.