Администрацијата од Карпош со велосипед

Од:

Во рамките на Европската недела на мобилност, десеттина вработени од општина Карпош, беа дел од Велосипедското дефиле кое се одржа по булеварите во главниот град.

Мотото на овогодинешната акција е „Во град без мојот автомобил“ во организација на Град Скопје. За почисто Скопје се залага секој граѓанин, па така на големото дефиле учествуваа повеќе од илјадници велосипедисти.

Во периодот од 16-22 септември, кога и трае Европската недела на мобилност, во Скопје беа реализирани повеќе активности под мотото „Алтернативна мобилност“ и „Патувај зелено“. На денешното велосипедско дефиле, кое се движеше од „Порта Македонија“, бул. „ВМРО“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Илинденска“ а кое заврши во градскиот парк на „Школка“ со музички хепенинг. Патеката беше во должина од 8,2 километри а нашите општинари ја извозија за помалку од 30 минути.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи