Најмалите засадија дрвца за мир

Од:

Со песничка и игра, децата од најмала возраст од градинката „Орце Николов“ во Карпош 3, го одбележаа Светскиот ден на мирот на Обединтетите нации – 21 септември. Тие, го засадија своето дрвце за подобра иднина а се вклучија и во акцијата „Во град без мојот автомобил“ и со своите шарени велосипеди и тротините, го развеселија и разиграа детскиот двор во градинката.

Ова е дел од интернационалната програма „Учење за шумите“, а акцијата „Засади дрво за мир“, се одржува по десетти пат и во неа учествуваат сите основни училишта и градинки на територија на Град Скопје.

На овој светски ден, секоја година се вклучуваат повеќе училишта и градинки од сите земји, а оваа година учествуваат околу 5.000 училишта од 120 земји ширум светот.

Би можело да ве интересира

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош