Нов документарен филм за животот на еден од најголемите спортски легенди на нашето време, Мухамед Али, би требало во октомври да доживее премиера во САД, а до крајот на годината и во другиот дел од светот.
Филмот „I am Ali“ ќе го прикажува животот и кариерата на Мухамед Али, но со нагласок на изразито личниот пристап на темата. Во документарецот за Али зборуваат најблсиките луѓе од неговата околина, како и пријателите, а добар дел од филмот го сочинуваат исечоци од неговите снимки и телефонски разговори.
Во филмот има мини интервјуа со боксерките легенди Мајк Тајсон, Џорџ Форман и Џин Килроу, кои од свои агол говорат за Мохамед Али.
Сепак, акцент се дава за неговиот изненадувачки спортски успех, но и приказната која се крие зад митовите за еден од најголемите спортисти на денешницата.
Продуцентите на филмот порачуваат дека ова е приказна каде ќе го „видиме Али на еден сосема поинаков начин“.