Рускиот поет Сергеј Главјук гостува во ДПМ

Од:

Познатиот руски поет Сергеј Главјук утре и задутре ќе биде гостин на Друштвото на писателите на Македонија, при што ќе оствари повеќе контакти околу можностите за проширување и интензивирање на соработката меѓу македонските и руските писатели, соопштија од ДПМ.

Во среда во 12 часот во Домот на македонските писатели ќе се одржи портрет на Сергеј Главјук за чие творештво ќе зборуваат претседателот на ДПМ, Веле Смилевски, Братислав Ташковски и Олга Панкина.

На македонските читатели поезијата на Сергеј Главјук им е позната со книгите „Агли“ и „Старата монета“, објавени во превод од руски на Гане Тодоровски.

Тој е оставувач на десеттомната антологија „Словенските поезии на 20 и 21 век“, во која првиот том од 500 страници е посветен на македонската поезија.

Главјук е добитник е на македонското признание „Златно перо“ за успешно презентирање на творештвото на наши автори на руски јазик и е почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

Би можело да ве интересира

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје

Украдените дела на Реноар, Сезан и Матис пронајдени по пет месеци во Италија

Предраг Петровиќ

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова, книга бр. 250 во едицијата ПРОаЗА на Или-Или