Јотовски скокна на 579 место на АТП листата

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски денеска на новата ранг листа на АТП го има својот најдобар ранг во кариерата.

По финалето во Суботица и новите 10 поени Јотовски се проби на 579. место и за првпат во кариерата ја проби границата од 600.место. Јотовски има вкупно 55 поени и има скок од 44 места. Притоа на следното рангирање ќе му бидат впишани уште два нови поена што значи дека и следната недела ќе напредува.

Скок од 10 места има и Димитар Грабул и сега се наоѓа на 673. место со 36 поени. Најголем скок оваа недела има Шендрит Деари со скок од 62.места и со 6 поени се наоѓа на 1.244 место.
Единствено пад има Стефан Мицов од 54 места и со 5 поени е на 1.299 место, додека Бесир Дургути е на 1.397 место со 4 поени и со скок од 4 позиции.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров