Премиерот на Јемен, Мухамед Басиндва поднесе оставка во знак на протест против дејствувањето на претседатот Абд Рабу Мансур Хади.
Вооружениот огранок на шиитските бунтовници „Хути“, познат како „Ансар Алах“ и портпаролот на јеменската Амасада во Вашингтон ја потврдија информацијата.
Во меѓувреме шиитските бунтовници од „Ансар Алах“ ги зазедоа денеска седиштето на Владата и зградата на националното радио во главниот град Сана по судирите со сунитските борци, кои се поддржани од армијата.
Нема официјално информации за бројот на жртвите во денешното насилство. Над 140 лица загинаа изминатите денови во судирите во Јемен.
Пратеникот на Обединетите нации во Јемен, Џамал Беномар изјави вчера дека е постигната спогодба за прекин на насилството и оти се подготвува потпишување на спогодбата.