СДСМ: Во Македонија не се знае што е партија, а што држава

Од:

Социјалдемократскиот сојуз укажува дека во интерес на граѓаните и на државата е Никола Груевски и неговата партија да ја прифатат реалноста во Македонија, чии креатори се тие, со двојните криминални избори, велат од опозицијата.

Груевски знае дека сите меѓународни извештаи, вклучувајќи го и последниот конечен извештај на ОБСЕ/ОДИХР, ги потврдуваат ставовите на СДСМ: дека во Македонија не се знае што е партија, а што држава, дека нема слободни медиуми, дека е загрозена слободната волја на изразување на граѓаните, стои во реакцијата.

Оттука, невозможно е бегање од одговорност на најодговорните за овие состојби, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикуваме Никола Груевски да престане да мисли само на своите интереси со што нанесува штета на граѓаните и на државата, да се охрабри и да прифати разговори за сите 5 теми што ги предлагаат СДСМ и коалициските партнери како можност за излез од политичката криза.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ